недела , 24 септември 2017
mozok pre

Човечкиот мозок е во состојба да открие болни лица

Човечкиот мозок има многу поголема способност во откривање и избегнување на болести од што се мислеше, покажуваат резултатите на новата студија која ја спроведоа истражувачите од Каролинскиот институт во Шведска.

Сетилото за вид и мирис ја предупредуваат нашата свест дека некој е болен дури и пред болеста да стане видлива. Луѓето се однесуваат во согласност со тоа сознание и ги избегнуваат болните лица.

Човечкиот имунолошки систем е ефикасен во борбата против разни болести, но ако бара голем трошок на енергија, избегнувањето на болеста е уште подбар начин да се зачува здравјето, а притоа да се заштеди енергијата.

– Истражувањето покажа дека човечкиот мозок одлично регистрира болест кај другите и свеста за тоа не наведува на избегнување на болни лица, изјави главниот истражувач професорот Матс Олсон од Каролинскиот институт.

Со вбризгување на безопасни бактерии истражувачите го активирале имуниот систем кај учесници во истражувањето кои развиле класични симптоми на болест: замор, бол и треска и во текот на тие неколку часа на „траење на болеста“ им земале примероци на мирис, а потоа биле фотографирани и снимени.

Друга група учесници биле изложени на нивните мириси и фотографии, а подоцна и на фотографии на здрави лица и морале да одговорат на прашањето што чувствуваат кон нив. Во текот на првиот процес нивната мозочна активност била мерена со МР скенер.

Врз основа на фотографиите морале да одредат кои од учесниците се болни, а кои од нив им изгледале привлечни и со кои би сакале да се дружат.

– Нашата студија покажува дека луѓето повеќе се подготвени да се социјализираат со здрави луѓе отколку со болни и чиј имунолошки систем вештачки го активиравме, рече Олсон.

Професорот смета дека резултатите од истражувањето претставуваат биолошка потврда на аргументите дека инстинктот за преживување подразбира и избегнување на инфекции.

– Здравиот разум ни говори дека треба да постои однесување кое му помага на имунолошкиот систем. Меѓутоа, избегнувањето не се однесува нужно на лица со кои сме многу блиски, заклучи Олсон.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …