среда , 28 јуни 2017
saso profi

Чувајте ги снимките од критичниот ден во Собранието на Македонија, можеби некој ќе сака да Дипломира на оваа тема

Во пресрет на Денот на Полицијата 7-ми Мај, Дејан Џонсон напиша краток осврт за професионалноста, присебноста и делувањето на професионалците кои беа во Собранието на Македонија на критичниот 27 април .

ФБ статусот го пренесуваме интегрално:

“Има една генерација на полицајци кои поминаа обука на вештини од турски полицајци за заштита на ВИП личности, пред неколку години…
Им препорачувам да ги чуваат снимките од критичниот ден во Собранието на Македонија, во случај да имаат желба да Дипломираат на оваа тема.. Колеги !..бидете сигурни дека сте одбрале вистинска тема и дека ќе можете реално да ја елаборирате и браните пред Вашите Ментори…И уште нешто…бидете сигурни дека на фоткава се диват и ја поддржуваат сите телохранители и вработени во т.н. 6-та управа..Убеден сум и знам дека некои гласно, а некои во себе, го поддржуваат и му се восхитуваат на човекот кој во најтешките моменти, размислуваше , анализираше и успеа да ја одбрани ВИП личноста, а при тоа последиците и штетата по напаѓачите беа минимални или помали од тие што истите ја предизвикаа..БРАВО за колегата и честитки за храброста и истрајноста…Убеден сум дека сите припадници на полицијата ќе му честитаат.. Во пресрет на Денот на Полицијата – 7-ми Мај.”

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …