недела , 22 октомври 2017
marihuana 15156465

Чувар во затворот „Идризово“ дома одгледувал марихуана и имал арсенал оружје

Вработен во КПУ „Идризово“ одгледувал марихуана во својот дом, а неовластено држел и оружје и експлозивни направи, заради што одреден му е едномесечен домашен притвор.

Имено, при превземањето мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога во казнено поправните установи, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога е дојдено до сознание дека пријавениот Г.С.(40), вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во втората половина од 2016 година неовластено набавил семенски материјал од Канабис, кој го насадил и одгледувал во својот дом во населба Долно Лисиче.

Со оглед на тоа дека Г.С., досега не е кривично пријавуван и е новопројавено лице од областа на недозволената трговија со дрога, Единицата за недозволена трговија превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на добиеното сознание и обезбедување на материјални докази

По потврдување на сознанието и со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во куќата во која живее сега пријавениот при што се пронајдени 21,62 грамови марихуана, три експлозивни направи (една бомба кашикара и две парчиња динамит), еден метален детектор, две парчиња огнено оружје-пиштол и една кутија за чување на огнено оружје со прибор за одржување на истото.

Од извршеното вештачење на експлозивните направи е утврдено дека станува збор за две парчиња динамит (тринитротолуен и амониум нитрат) додека за пронајдените пиштоли е покрената управна постапка за одземање, бидејќи едниот е службен пиштол во сопственост на КПУ „Идризово“, а другиот пиштол е лична сопственост на Г.С. и истиот го поседува со дозвола.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …