вторник , 26 септември 2017
dacic-iz

Дачиќ: Многу тешки разговори, согласност за примена на договореното

dacic-izВо Брисел доцна синоќа завршија разговорите меѓу српскиот и косовскиот премиер Александар Вучиќ и Иса Мустафа со високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека тоа биле многу тешки разговори и дека е постигната само согласност за примена на се што е договорено во Бриселскиот договор, пренесе Танјуг.

Дачиќ не соопшти детали од разговорите. Пред новинарите тој кажа дека биле разгледани и други теми, како членството на Косово во меѓународни организации, но дека не е постигнат никаков договор.

Во соопштението од кабинетот на Могерини се посочува дека двајцата премиери потврдиле дека остануваат посветени на примената на сите претходно постигнати договори, дополнува Танјуг.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …