вторник , 27 јуни 2017
dacic

Дачиќ: Одлуката на судот во случајот Харадинај и изјавите на албанските политичари се организирана акција

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оценил дека одлуката на судот во Франција во случајот на Рамуш Харадинај и изјавите на албанските политичари на Балканот се дел од „организирана акција“, пренесуваат српските медиуми.

Коментирајќи ги заканите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Харадинај, направени кон српскиот премиер Александар Вучиќ, Дачиќ порачал дека таквите изјави „му доликуваат на човек кој е обвинет за воени злосторства“, но дека тоа е јазикот на меѓународната политика.

„Белград на тоа делува воздржано, не поради тоа што сме слаби или се плашиме од Харадинај, но доколку сакаме мир и стабилност, меѓународната заедница мора да води балансирана политика, а не да биде заштитник на Албанците“, рекол Дачиќ.

Според него, претставниците на ЕУ и САД „доста тешко умеат да направат било каква осуда кон албанските политичари“. „Патот од кошмарите до тешката реалност некогаш е доста краток. Србија на никого не се закани, а тие веќе го сместуваат Ниш во Голема Албанија, очигледно тоа е заедничка платформа на албанските политичари“, оценил српскиот министер.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …