вторник , 26 септември 2017
krik kontrol

Дали сте „контрол фрик“?

krik kontrol
Луѓе кои се таканаречени „контрол фрикови“ обично не сакаат кога некој доцни, мислат дека луѓето им го трошат драгоценото време со својата неефикасност, никогаш не бараат помош од другите, не сакаат да бидат зависни и се разбира, се навредуваат кога им кажувате дека се опседнати со контрола.

Овие луѓе се секогаш организирани и подготвени да реагираат. Сакаат однапред да планираат и презираат неодговорност. Овие карактеристики не се секогаш така лоши работи. Но, кога ќе излезат од контрола, кога ќе почнат да се мачат и да ги иритираат другите, тогаш може да се дефинираат како „Г-ца или Совршен кој/а е во контрола“.  Реалноста е дека никој не сака такви „манијаци за контрола“, па ако продолжат со своето однесување, голема е веројатноста дека на крајот ќе останат сами.

Како да ги препознаете симптомите?

Луѓето кои се опседнати со контрола сакаат сè да си оди како што тие ги планираат. Тие сметаат дека се секогаш во право, дури и кога не се. Тие имаат чувство дека имаат сè под контрола, а кога нешто ќе излезе надвор од нивната контрола, тогаш имаат тенденција да реагираат многу насилно. Стануваат нервозни, лесно се навредуваат и ги иритираат другите луѓе.

Основни карактеристики:

1. Тие се вистински пуританци – сè околу нив е организирано, од работната позицијата до изгледот на домот.

2. Обично ги водат работите и сè однапред планираат.

3. Мразат промени во последен момент.

4. Сакаат сè да им биде дебата.

5. Сакаат да бидат шефови и да наредуваат.

6. Не сакаат кога другите им ги допираат работите.

7. Ги поправаат другите кога грешат при зборувањето.

8. Мислат дека другите не можат да ги извршат работите подобро од нив.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …