сабота , 23 септември 2017
12188590_10208039229713760_1260613116_n-602x320

Дарко Рундек доаѓа на Таксират

12188590_10208039229713760_1260613116_n-602x320Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек во рамки на оф-програмата на 17. „Таксират“ фестивал, ја закажува новата средба со фановите од Македонија на концерт кој ќе се одржи на 30. ноември во МКЦ во Скопје.

Некогашниот лидер на култната група „Хаустор“, која беше еден од предводниците на „новиот бран“ од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, со своето „Карго Трио“ се враќа пред македонската публика со промоција на извонредниот и веќе одлично прифатен нов албум „Мостови“.

Со новиот албум, „Рундек Карго Трио“ годинава одржа бројни распродадени концерти ширум целиот регион и Европа, а со оглед на огромниот интерес кој тој го предизвика, групата ја продолжува промотивната турнеја во чии рамки се наоѓа и Скопје.

Влезниците за концертот на „Рундек карго трио“ ќе бидат достапни во продажба од 1. ноември (недела) преку МКтикетс. Цената на билетите во претпродажба ќе биде 300 денари, додека истите на денот на концертот ќе чинат 400 денари.

Покрај концертот на „Рундек карго трио“ , во рамки на офф-програмата на 17. издание на Таксират ќе се одржат повеќе настани, од кои веќе се најавени втората меѓународна музичка „ПИН конференција“ на 27. и 28. ноември во МКЦ, која ќе биде затворена со годинашното издание на „Лузер Фест“ (сабота, 28. ноември). Главната вечер на Таксират пак, е закажана на 7. декември во „Метрополис Арена“ каде веќе е потврдено дека ќе ги пречекаме авангардните словенечки индустријал легенди „ЛАЈБАХ“ и еден од најактивните и најжестоките каталонски бендови „Ла Пегатина“.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …