петок , 22 септември 2017
ahmet_davutoglu-540x320

Давутоглу: Имаме листа со осомничени лица кои се подготвени на самоубиствени напади

ahmet_davutoglu-540x320Турција има список на осомничени лица кои би можеле да извршат самоубиствени напади, но не може да бидат преземени предвреме правни дејствија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу за турската новинска агенција Анадолија.

Тој посочи дека не можат да бидат преземени никакви дејствија против осомничените бомбаши-самоубијци пред да извршат напад.

Давутоглу посочи дека е утврдено како извршителите на двојниот напад во Анкара, при што загина 97 лица, а 140 беа повредени, пристигнале во Турција.

– Терористите најверојатно влегле во Турција од соседна држава, истакна турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, додавајќи дека неколку лица се приведени, но не наведе повеќе детали.

Во Анкара околу 200 студенти се собраа во Анкарскиот универзитет за да им оддадат почит на жртвите од саботниот напад.

Најмладата жртва е деветгодишната Вејсел Аталган, која загина заедно со нејзиниот татко.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …