вторник , 26 септември 2017
debatahilari1

Дебатата на демократските кандидати за претседател се претвори во спор меѓу Клинтон и Сандерс

debatahilari1Двајцата главни кандидати за претседателска номинација на американските демократи, 67-годишната Хилари Клинтон и 74-годишниот Берни Сандерс влегоа во жесток спор за време на дебатата на неколку теми, меѓу кои позитивните и негативните страни на капитализмот и контролата врз оружјето и коментираа за Русија и војната во Сирија.

Дебатата се одржа во хотел во Лас Вегас со учество на петтемина кандидати.

На дебатат учествуваа и поранешниот американски сенатор Џим Веб, Линколн Чафи, поранешен гувернер на Роуд Ајленд и поранешниот гувернер на државата Мериленд Мартин О’Мајли.

На почетокот на дебатата Клинтони вети дека ќе се бори за намалување на сите нееднаквости. Сандерс, пак, рече дека ќе се бори за укинување на институционалниот расизам од врвот до дното во земјата.

Сандерс ги поздрави земјите како Данска, Шведска и Норвешка за нивните социјални системи и за тоа како ги заштитуваат своите работници.

Клинтон призна дека многу често капитализмот треба да биде спасуван од самиот себеси, но додаде дека капитализмот може да помогне на малиот бизнис.

Клинтон и Сандерс влегоа во дуел за надворешната политика на САД. Клинтон го повтори повикот за поцврсти американски дејствија за запирање на граѓанската војна.

Сандерс, пак, рече дека нема да ја поддржи идејата за испраќање одново на американски воени единици на Блискиот Исток, за да се борат со терористи. Тој категорично се изјасни против испраќање американски копнени единици во Сирија.

Сандерс го оцени упадот во Ирак со цел соборување на режимот на Садам Хусеин како најголема надворешно-политичка грешка во историјата на САД.

Во врска со Русија, Клинтон рече дека САД треба да одговорат на дејствијата на Москва и додаде дека Русија се држи агресивно на меѓународната арена.

На крајот на дебатата, Клинтон го посочи ширењето на нуклеарното оружје на како најголема опасност за САД, додека според Берни Сандерс, најголема закана за САД се климатските промени.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …