вторник , 26 септември 2017
izlozba

Дела од 12 сликари на изложба „Најдоброто од Македонија”

Во рамки на 25-те години од основањето на „Матица македонска“, во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена заедничка изложба на дванаесет истакнати македонски сликари од сите генерации под наслов „Најдоброто од Македонија“.

Ќе бидат презентирани дела од Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Костадин Качев, Решат Амети, Стефан Хаџи Николов, Димитар Малиданов, Димче Исаиловски и Боро Митрически.

– Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници, информира „Матица“ за изложбата која за посетителите ќе биде отворена до 5 ноември.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …