четврток , 29 јуни 2017
Reformatori-701x394

Демократијата на Милошоски: Разрешени иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот излегоа со иницијатива за промени и демократизација на партијата се разрешени. Иако очекуваа како што велеше Антонијо Милошоски демократија во партијата, тие завршија како сите кои побараа демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата за разрешувањето од партиски функции на реформаторите на својот Фејсбук профил ја потврди и Александар Стојчевски. Тој напиша дека се разрешени претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром, а има и жесток притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата преку уцени и закани да се исклучат од Фејсбук групата.

„Токму ваквата реакција го покажува големиот (не)демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не се плашиме и нема да потклекнеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде приватна компанија на еден човек, партија на султани и поданици. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде демократска и модерна партија. Партија на силни индивидуи, каде секој член ќе биде почитуван и ќе има еднаква шанса. Еден апел и до лицата што вршат притисок врз членството да престанат со тоа, затоа што за брзо време ќе се срамат од своите постапки. Секој има право на слободна мисла и став без да биде етикетиран и шиканиран. Време е партијата да ја вратиме на членовите“, пишува Стојчевски на својот Фејсбук профил.

Во Фејсбук разговорите во кои е вклучен пратеникот Антонијо Милошоски, тој бара од членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од групата за реформи тврдејќи дека групата ја направиле „комуњари“. Милошоски преку свои блиски членови побарал да истото да се пренесува и на другите членови на партијата.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …