среда , 28 јуни 2017
demokratski sojuz

Демократски сојуз: Честитки за новата Влада

 
Демократскиот сојуз на Зоран Заев, му го честита изборот  за премиер на Владата на Република Македонија, како и честитки за министрите во неговиот кабинет.
 
Промените зад кој застанаа над 700 илјади граѓани започна. Нашите очекувања од новата реформска Влада се стабилизација на државата, релаксирање на состојбите и креирање на амбиент за сигурност на сите градење на единство и сплотеност, воспоставување на нов систем на вредности,коренити реформи на политичкиот систем и подеднакво важење на законите за сите граѓани.
 
Ги подржуваме определбите за деблокирање на евроатланските -интегративни процеси и длабоките реформи во системот за безбедност (тајните служби), правосудството,како и реформите во даночната политика и образованието (укинување на екстерното тестирање и сл.) и другите области.
 
Очекуваме силна целосна декриминализација на државата и неселективна и ефикасна борба против организираниот криминал и враќање на украдените пари на граѓаните.
 
Демократскиот сојуз и натаму ќе предлага идеи за јакнење на демократските капацитети, владеење на правото, подинамичен економски развој и еднакви шанси за младите да останат, работат и создаваат во Македонија.
 

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …