среда , 28 јуни 2017
demokratski sojuz

Демократски сојуз смета дека нема услови за одржување на локални избори во октомври

„Демократскиот сојуз оценува дека нема услови за одржување на локалните избори во октомври.

Изборот на Владата беше блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ преку бесцелните дискусии (реплики, контра реплики,процедурални прашања и сл.) во Парламентот и спречување на неговото конституирање, како и на давањето мандат за состав на Влада на партиите кои имаа мнозинство во Парламентот.

Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива, како и отстранување на слабостите во изборните процеси неопходно е одржувањето на локалните избори да се одложи најмногу за 12 месеци.

Инаку сосема е јасно дека мандатот на советите на општините и градоначалниците е истечен и од Уставен аспект не е можно продолжување на мандатот, но кај нас досега Уставот беше повеќе пати подреден на политички договор, но таков веќе е постигнат за реобновување на мандатот на советниците и градоначалниците наводно за интересите на граѓаните.

Демократскиот сојуз не ја оспорува потребата локалната самоуправа да функционира, но во вакви околности градоначалниците треба да имаат ограничени овластувања и одговорност пред Владата, бидејќи мандатот ќе го добијат од парламентарното мнозинство, а не од граѓаните.

Локалните избори треба да се одржат штом за тоа ќе се создадат услови, но не подолго од година дена“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …