понеделник , 23 октомври 2017
25_5_2014_prognoza_kisa

Денеска дожд

25_5_2014_prognoza_kisa

Македонија денеска и во вторник ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд. Во попладневните часови дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи.

Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. Не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …