недела , 24 септември 2017
klub-na-pratenici-540x405

Денеска е крајниот рок за договарање на изборната регулатива

klub-na-pratenici-540x405
Денеска е последниот ден од рокот за работните групи да постигнат договор за изборната регулатива, како што е предвидено со Договорот од Пржино. Како што информираат од партиите учеснички во преговорите, работните групи последната средба ја имале во неделата, но не бил постигнат никаков договор.

Единствено нешто за што досега партиите се согласиле е членството на Државната изборна комисија (ДИК) да има тројца претставници од власта, тројца од опозицијата и исто толку експерти.

Според извори на „Мета“, СДСМ бара отворање на министерство за дијаспора и изедначување на гласот на гласачите, како што е во препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Најдоцна 20 октомври е следниот рок што партиите ќе треба да го испочитуваат, за формирање привремена влада, односно за избор на двајца министри и на тројца заменици по предлог на СДСМ и на двајца заменици по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …