среда , 28 јуни 2017
Vlada zaev

Денеска тематска седница на Владата, ќе се дискутира за итните реформски приоритети

Владата на Република Македонија денеска од 12 часот ќе одржи тематската седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети.

По тематската седница со почеток во 13 часот, Владата ќе ја одржи својата седма седница.

Согласно предлогот на дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.

На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …