сабота , 21 октомври 2017
esen

Денеска уживајте во сонцето

Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност, ќе биде времето денеска. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност со намалена видливост, особено претпладне.

Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност ќе биде во Скопје. Претпладне со појава на магла и ниска облачност. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе биде сончево и топло со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 17 степени. Сончево и топло ќе биде и во вторник со дневни температури кои ќе достигнат до 10 односно до 16 степени, а во среда се очекува појава на локална облачност која што нема да влијае на максималните температури кои ќе останат непроменети во однос на претходниот ден и ќе се движат од 10 до 16 степени.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.