четврток , 19 октомври 2017
sobraniep

Денеска во Собранието интерпелации на министрите Николовски и Царовска

Интерпелации за министрите Љупчо Николовски за земјоделство и Мила Царовска за труд и социјала денеска попладне ќе бидат на дневен ред на првото продолжение на вчерашната седница.

Интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ја поднесоа Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Љупчо Димовски, Весна Пемова и Ванковер Манчев.

Предлогот за интерпелација, пак, на Царовска го потпишаа пратениците Владимир Ѓорчев, Благица Ласовска, Димитар Стеванџија, Слаѓана Митовска и Павлинче Честојнова.

Парлементот вчера ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На дневен ред на продолжението на седницата се и  предлог-закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди и Артан Груби,  предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост поднесен од пратениците : Благица Ласовска, Илија Димовски, Никола Мицевски, Владанка Авировиќ и Владимир Ѓорчев и предлог-закон за дополнување на Законот за водостопанство – I читање, поднесен од пратениците: Љупчо Димовски, Никола Мицевски, Љубен Арнаудов, Павлинче Честојнова, Димитар Стевананџија, Илија Димовски, Слаѓана Митовска, Жаклина Пешевска, Зоран Ѓорѓиевски и Панчо Минов.

Седницата треба да почне во 16 часот.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.