вторник , 26 септември 2017
turskiparlament

Денот на обидот за преврат прогласен за официјален празник во Турција

Со одлука на турскиот Парламент, 15 јули, денот кога годинава беше извршен обид за воен удар во земјата, во иднина ќе биде официјален празник на земјата, со цел да се оддаде почит на жртвите од неуспешниот преврат, објави весникот „Хабертурк“.

Во исто време, во спомен на жртвите на обидот за преврат градот Казан во округот Анкара ќе биде применуван Кахраманказан. Зборот „кахраман“ на турски јазик значи „херој“.

Датумот 15 јули е прогласен за официјален празник на Турција како „Ден за оддавање на почит на загинатите при обидот за преврат“.

При пучот во Турција загинаа скоро 300 лица, а околу 2.000 беа ранети.

Турските власти сметаат дека зад обидот за преврат стои „терористичка организација“ на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Анкара бара од САД негова екстрадиција во Турција, но Вашингтон тврди дека нема да го предаде проповедникот се додека не добие недвосмислени докази за негова вмешаност во обидот за воен удар.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …