сабота , 21 октомври 2017
sobranie-drugagol

Десетте кординатори на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со опструкции во собранието

Координаторот на седмата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија побара пауза од еден час на самиот почеток на пленарната седница, со што ги продолжи опструкциите кои почнаа откако координаторот на првата пратеничка група, Илија Димовски соопшти дека формирале 10 пратенички групи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери побара од Стевананџија да каже во име на кој политички субјект бара пауза и зошто бара пауза, на што тој немаше точен одговор, единствено кажа дека е координатор и дека Џафери е должен да ја овозможи паузата.

На седницата настана гужва откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да дадат одговор наместо Стевананџија зошто тој барал пауза, а најгласен беше екс спиекрот Трајко Вељаноски.

– Вељаноски, ти 10 години си тука, треба да ги знаеш процедурите. Ако имаш нешто да кажеш повели, јави се процедурално, рече Џафери.

Инаку, следна точка на дневниот ред е разрешување на државниот обвинител, Марко Зврлевски. Оваа седница беше прекината во четвртокот, кога исто така координаторите на ВМРО-ДПМНЕ бараа паузи од по еден час со што оневозможија да продолжи работата на Собранието.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.