четврток , 19 октомври 2017
deskoska-ikonen

Дескоска – Иконен: Соработка со Финска за реформи во образованието

Министерката за образование и наука Рената Дескоска, денеска имаше средба со амбасадорот на Финска, Перти Иконен, со кого разговараа за остварување соработка и споделување искуства во областа на образованието.

Како што соопшти Министерството за образование, според министерката Дескоска, реформите на наставните планови и програми, методите на предавање и општо реформите во образованието се исклучително значајни и тие не може да се спроведуваат избрзано, затоа што тоа ќе се рефлектира врз квалитетот.

– Нашата цел е квалитетно образование, а соработка во областа на образованието со Финска, земја со образовен систем и експерти кои важат за едни од најдобрите во светот, ќе придонесе за квалитетот на реформите на основното и средното образование во Република Македонија, изјави министерката Дескоска.

За време на средбата, министерката Дескоска доби подарок од финскиот амбасадор, Иконен, книга која говори за финските искуства со спроведените реформи во образованието: „Лекции од Финска: Што може светот да научи од промените во образованието во Финска?“, стои во соопштението.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.