среда , 28 јуни 2017
рената-701x526

Дескоска: Министерството ќе го водам транспарентно, ќе биде консултирана стручната јавност

Новата министерка за образование, Рената Дескоска, ја презеде функцијата од својот претходник Пиштар Љуфтиу. Дескоска рече дека министерството ќе го води транспарентно и дека при изготвувањето на новите законски решенија ќе биде консултирана стручната јавност.

„Свесна сум дека ме чека огромен предизвик, со оглед на фактот дека ќе раководам со еден од најголемите ресори. Сите решенија што ќе ги носиме ќе се темелат на претходна анализа, ќе биде вклучена и експертската јавност, а ќе се организираат и дебати. Работиме да го вратиме достоинството на наставниците и професорите. Ќе го донесеме законот за високо образование“, рече Дескоска.

Што се однесува до екстерното тестирање, рече дека ќе биде укинато во целост и дека учениците уште оваа година ќе бидат ослободени од оваа беспредметна обврска.

Дескоска додаде дека ќе се направи и анализа околу дисперзираните факултети, која треба да покаже кои се потребни, а кои не и ќе бидат затворени.

Предмет на разгледување ќе биде и проектот за универзитетот „Дамјан Груев“.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …