вторник , 26 септември 2017
Училиште Заполжани [1600x1200]

Децата во с. Заполжани учат во “Куќата на стравот” !

Училиште Заполжани [1600x1200]
Пишува: Виктор Азманоски

Револтирани родители од долненското село Заполжани во нашата редакција доставија фотографии од селското училиште во кое што учат околу 25 деца во две паралелки  од прво до петто одделение.
Паралелките се составени со деца од селата Заполжани и  Новоселани. Родителите во неколку наврати побарале финансии општина Долнени и од ресорното министерство за реновирање на училиштето но од таму добиле негативен одговор дека тоа не е можно оваа година и да го чекаат буџетот за наредната година.

“Додека во Скопје за вработените од Министерството за финансии се прави нова градинка “Мини фини буџетџиња”, нашите деца одат да учат во “куќата на стравот”. Погледнете ги фотографиите и сами одлучете дали ова се можеби реформите во образованието за кое што говорат премиерот Никола Груевски и министрите за образование ? Секој ден со страв ги испраќаме децата да одат на учлиште, додека се таму мозокот цело време ни е во нив, дали ќе падне кровот, дали ќе падне неко ѕид, или незнаеме друго може да им се случи. Па и ние имаме “Мини фини земјоделчиња”, зарем не треба ли тие деца да учат во нормални услови ? “, изјави за РеволуционерМк еден од родителите на децата од с.Заполжани.

Меѓу другото тој додаде дека оваа прилика ја користи јасно да му каже да премиерот Никола Груевски дека доаѓа месец април, во двете села има “Мини фини гласчиња”, ама овој пат сите ќе легнат на контото на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како резултат на “беспрекорната”грижа на премиерот кон луѓето кои живеат во долненска општина.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …