вторник , 26 септември 2017
id1

Деветмина мртви во судир меѓу турската полицијата и група милитанти во Дијарбекир

id1Во напад на турската полиција врз неколку куќи во градот Дијарбакир, во кои се криела милитантна група, за која имало сомненија дека претставува ќелија на Исламска држава (ИД), денеска погинаа девет лица, од кои седуммина милитанти и двајца полицајци, соопшти високо позициониран турски претставник.

Според соопштнието на заменик турски премиер Нуман Куртулмуш, во оваа операција, исто така, се ранети петмина полицајци, додека дванаесет милитанти се  приведени, пренесоа американските медиуми.

Засега не е познато дали оваа акција има врска со нападот на двајцата бомбаши самоубијци во Анкара, претходно овој месец, во кој погинаа 102 лица. Еден од бомбашите самоубијца беше идентификуван како милитант на ИД.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …