среда , 18 октомври 2017
nikolbar-540x320

Девојче од Англија попаметно до Ајнштајн и Хокинг

nikolbar-540x320Девојчето Никол Бар, која живее во една ромска заедница во Есекс, има повисок коефициент на интелигенција од најпаметните луѓе во денешницата.

Дванаесетгодишната Никол на тестот по интелигенција постигна резултати од неверојатни 162 поени и преку ноќ стана главна ѕвезда во Велика Британија.

Нејзиниот висок коефициент на интелигенција ја вклучува во групата од само еден отсто најпаметните луѓе на планетата, според стандардните тестирања што ги спроведува Менса.

Родителите на малата Никол биле изненадени со резултатот кој го постигна нивната ќерка.

– Отсекогаш беше препаметна и многу вредно девојче. Секој ден останува на дополнителна настава во училиштето, а сонува да биде лекар, рече гордата мајка Доли Бакленд (34).

Приказната за малата генијалка Никол се прошири низ цела ромска заедница и на социјалните мрежи.

Просечен коефициент на интелигенција кај возрасна личност е 100, а секое лице кое има IQ повеќе од 140 се смета за гениј. Научникот, Стивен Хокинг има IQ 160, колку што имал и познатиот Алберт Ајнштајн.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …