недела , 20 август 2017
talatttt

Џафери: Ќе се зголеми транспрантноста во работата на Парламентот

Aктуелното парламентарно мнозинство наскоро ќе одбележи 100 дена од своето работење и функционирање. Ова парламентарно мнозинство поаѓајќи од своите уставни и деловнички права и обврски, искрено и одговорно работи на враќање на парламентарната демократија во Собранието како институција, истакна денека претседателот на Собранието Талат Џафери.

Зборувајќи на панел дискусијата за отвореност и транспарентност на парламентите од Западен Балкан на која беа претставени насоките за секоја држава како прв чекор кон поголема кампања за застапување која ќе промовира отвореност и добро владеење што се одржува во Собраниетово рамки на проект на Вестминстер фондацијата за демократија, Џафери истакна дека една од неговите приоритетни задачи е токму јакнењето на транспарентноста на работата на Парламентот, на пратениците и собраниската админитрација. Во таа насока поочи на можноста граѓаните да бидат присутни и да ги следат обраниските седници, а се планира и, како што кажа, нова димензија на Собранискиот канал и унапредување на на веб-страницата на Собранието.

Остварувањето на транпаретноста и отчестноста, како еден од основните принципи на парламентарната демократија, зависи од нормативното уредување и од технолошката опременост меѓутоа, според Џафери најмногу зависи од политичката волја и одговорноста на опозицијата, но и од активностите на невладиниот сектор и воопшто од политичката култура која преовладува во општеството.

Панел дискусијата претставува втор настан за застапување во рамки на проектот Аction SEE на Вестминстер фондација за демократија, како и прва официјална презентација на насоките кои ги подготви проектниот конзорциум. Насоките беа презентирани од секој од проектните партнери од шест држави од Западен Балкан.

Покрај претставниците од граѓанските организации од регионот кои се дел од проектот, на панел дискусијата присуствуваат и пратеници од парламентите на Македонија, БиХ, Република Српска и Црна Гора, граѓански организации кои работат на активности поврзани со Собранието, претставници на меѓународни организации и амбасади во Македонија.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …