среда , 20 септември 2017
36708-680x365_c

Џафери му испрати писмо на Иванов, очекува тој да постапи според Уставот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собранието на Република Македонија, информираат од кабинетот на Џафери.

„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе постапи според Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Инаку Џафери денеска е во официјална посета на Брисел, каде што ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …