вторник , 27 јуни 2017
talat-dzaferi-sobranie1

Џафери за Нова ТВ: Државното знаме е на вистинското место од институционален аспект

Мислам дека никој не треба да се чувствува загрозен од знамето, бидејќи тоа се наши симболи, на припадноста, а од институционален аспект мислам дека државното знаме се наоѓа на вистинското место, каде што припаѓа, и сите ние се идентификуваме со тоа кога сме носители на функција“, вели новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, во интервју за „Нова ТВ“, одговарајќи на големиот број реакции во јавноста на поставувањето на албанското знаме заедно со државното и со тоа на ЕУ на работната маса во неговиот кабинет.

Тој додава дека ги разбира сите реакции, но по случувањата на 27 април, смета дека дека сите треба да разбереме дека „ни знамето ни политичките програми на политичките партии на Албанците не се тие што влијаат врз политичкиот живот во Македонија, бидејќи се во согласност со Уставот и со законите и со ништо не се загрозуваат“.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …