петок , 18 август 2017
dimitrov-10

Димитров – Иконен: Интензивирање на билатералните односи во сите области од заеднички интерес

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска, на средба го прими амбасадорот на Финска, Перти Иконен.

Димитров изрази надеж дека со заеднички ангажман и посветеност, добрите билатерални односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, согласно интересите на двете држави и нации.

Заемно беше истакната потребата од изнаоѓање на најприфатливи форми за интензивирање на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, со посебен акцент на економска соработка и трговската размена и можностите за искористување на постоечкиот потенцијал.

На средбата, меѓу другото, стана збор и за актуелните состојби во регионот и други теми од поширок интерес.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …