среда , 26 јули 2017
Nikola-Dimitrov-1025x480

Димитров: Ќе запре постапката за испраќање на Николовски за амбасадор во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на Европската Унија во Брисел.

– Постапката ќе се запре. Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко-партиски фолклор. Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија? Ќе ја претставува политичката партија или Република Македонија, особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ – изјави Димитров.

Шефот на македонската дипломатија смета дека мора да запре практиката за амбасадори да се испраќаат политичари.

– Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме – додаде Димитров.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …