недела , 22 октомври 2017
nikola dimitrov

Димитров на стратешки форум во Блед

Делегација на Македонија , предводена од министерот за надворешни работи  Никола Димитров, утре  на Блед ќе учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ, како и на традиционалниот Бледски стратешки форум.

Се очекува на состанокот Димитров да ги изнесе погледите на Македонија во однос на актуелните случувања во регионот. Воедно, се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нивното претседавање , како и се  разменат мислења за нив. Димитров ќе се обрати и на Бледскиот стратешки форум на тема Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ и ќе оствари повеќе билатерални средби за време на неговиот престој на Блед.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …