среда , 28 јуни 2017
dimitrov-kodzias-860x680

Димитров за „Вима“: Да учиме од грешките и историјата ќе ни се насмевне

Не сме стигнеле до степенот на пријателство и доверба што постои меѓу народите и да учиме од грешките и историјата ќе ни се насмевне, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервјуто за грчкиот весник „Вима“.

– Во минатото имаше идеи што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, но беа одбиени од другата страна. Ќе треба и двете страни, со добра волја да се вклучиме во преговорите и да се обидеме колку што можеме да ја разбереме чувствителноста на прашањата што произлегуваат, како што тие се согледуваат од другата страна. Треба да го подигнеме нивото на доверба и да инвестираме во билатералните односи на начин што го прави поверојатен напредокот – вели Димитров.

Иако станува збор за билатералн проблем, истакнува тој, последиците од негово нерешавање може да ја доведат во прашање регионалната стабилност.

Во интервјуто под наслов „Да учиме од грешките и историјата ќе ни се насмевне“, Димитров објаснува дека итен приоритет на новата реформска влада е стабилност, безбедност и одржлив развој на земјата.

На новинарско прашање каква е неговата реакција за тоа што „одредени луѓе во земјата и пошироко изразиле загриженост околу сценаријата за Голема Албанија“, министерот вели дека „премногу сме ситни на Балканот за да положуваме право на поголеми нешта од просперитет, соработка, инклузивност, диверзитет и европеизација“.

– Наративот на поголемите држави не враќа назад во минатото. Наративот на Европа ни отвора една заедничка иднина. Сметам дека во регионот се издигаме и паѓаме заедно. Ајде да се издигнеме и да бидеме еден Голем Балкан – истакна тој.

Осврнувајќи се на ситуацијата на Баканот, Димитров вели дека „регионот во моментов и не е едно премногу весело место, а тука дефинитивно има придонесено и ситуацијата во и околу Република Македонија“.

– Проблемот со проблемите е во тоа што ако се занемаруваат – се шират. Стратешките патеки за Балканот поставени од ЕУ на самитот во Солун уште во 2003 година, веќе не се толку цврсти како порано. Пристапниот процес, од најразлични причини, го губи својот моментум. Политичката енергија е префрлена на друго место и зад себе оставила недовршена работа. Европа, НАТО и регионот ќе направат катастрофална грешка ако отворат простор за оние што сакаат да го оспорат поредокот утврден по југословенските војни – истакна Димитров.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …