вторник , 26 септември 2017
Ilija Dimovski

Димовски: Нема договор, има приближување на ставовите

Ilija Dimovski
Не успеавме да постигнеме финален договор, иако имаше прогрес во приближување на ставовите по одделни теми. Разговаравме за „материјалите“ и тука се обидуваме да најдеме баланс меѓу јавниот интерес и да се испочитува она што е напишано во договорот од 2 јуни и 15 јли. Разговаравме сериозно и за законот за „свиркачите“, се согледуваат повеќе стандарди и се надевам дека ќе треба да се направат повеќе напори за ставовите да бидат прифатливи, изјави утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по неуспешните преговори во резиденцијата на ЕУ во Скопје.

– За денеска ни е најавен повторен состанок помеѓу работните групи, а ние ќе останеме целосно посветени за да се постигне конечен договор. Ова е комплицирана ситуација што треба да се разреши. Мислам дека во следните денови ќе најдеме решение. Конечен договор нема, но има приближување на ставовите, но свесни сме за роковите според договорот од Пржино. Најголем дел од денешните дискусии беа за Законот за влада, кој е многу значаен, да се назначат овие функции, знаете дека со новиот закон има дополнителни заменици министри, што како регулатива досега го немаме во македонското законодавство, односно кои се правата на овие заменици министри.

Според Димовски, по заминувањето на Ахмети и Тачи се направил дополнителен напор за решение и кажа дека нема политичка причина во останувањет на СДСМ и ВМРО-ДУИ. За изборната регулатива Димовски рече дека е усогласена , а околу специјалниот обвинител посочи на писмото кое го упатија партиите.

-Какви одлуки ќе донесат независните судски органи е нивна одлука, Секое дополнително мешање во независните судските органи е прашање на мешање во Устав, во закони, рече Димовски.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …