вторник , 26 септември 2017
ilijaDimovski21fev-615x320

Димовски: Повлекувањето на СДСМ е страв од соочување со народот

ilijaDimovski21fev-615x320
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека денеска е постигнат договор за Изборниот законик иако, како што рече, имало и непријатни моменти и покрај вложениот напор, време и аргументи.

– Постигнувањето на договорот за изборниот законик значи уште еден чекор во исполнување на договореното помеѓу четирите политички партии и со тој договор се обезбедуваат условите за одржување на предвремените избори, рече Димовски.

Според него, повлекувањето на СДСМ од преговорите е показател на стравот на опозицијата да се соочи со народот на избори.

– Денешното повлекување на СДСМ го разбираме како повторена повеќе пати тактика на таа партија, секогаш кога ќе има прогрес во разговорите и секогаш кога ќе се исполнуваат условите за одржување предвремени парламентарни избори, тие да бараат причини и да бараат изговор за да се повлечат односно да го исполнат своето сценарио да се одложат или да не се одржат избори.
Луѓето очигледно имаат проблем со поддршката кај граѓаните, имаат проблем внатре во својата партија и бараат начин како сево ова што веќе е договорено меѓу четирите политички партии, вклучително и изборниот законик кој денес го договоривме, да не заврши со предвремени избори, знаејќи дека ќе ги изгувбат, рече Димовски.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …