петок , 22 септември 2017
mijalkov-610x400-610x320

Дипломатскиот пасош не нуди заштита од одговорност

mijalkov-telefonira
Неосновани се стравувањата дека дипломатски пасош може да обезбеди заштита од кривична одговорност, велат дипломати, повикувајќи се на одредбите од Виенската конвенција, пишува Дојче Веле, откако СДСМ обвини дека МНР му издало дипломатски пасош на Сашо Мијалков и го подготвува неговиот терен за бегство.

Информацијата дека на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, неодамна му е издаден дипломатски пасош на функцијата „експерт“, од опозицијата беше прогласена за сериозен скандал, со барање министерот за надворешни работи веднаш да објасни по која основа е издадена исправата.

Одговор од МНР досега нема, но тој може да се најде во Правилникот на министерството, каде е објаснето кои лица може да добијат посебни патни исправи – дипломатски или службени пасоши. Меѓудругото, министерот за надворешни работи има дискрециско право да издава дипломатски пасоши за лица за кои смета дека се значајни за унапредување на дипломатски, политички, економски и културни односи со други држави или во случаи кога тоа е од безбедносен интерес за државата.
Додека јавноста чека образложение, поранешни и сегашни амбасадори велат дека по прашањето на дипломатски пасоши отсекогаш владеел хаос.

– Правилата често се изигруваат и поради тоа многу лица добиваат посебни исправи. Па и дадилката на децата на една наша амбасадорка во 2010 година доби дипломатски пасош, исто така како ‘експерт’. Но, не е само тој случај. Дипломатски пасоши добиваат разни тетки и чичковци, најчесто како функционерски „советници“ и тоа не е практика само на оваа влада. Го правеле и други. Основа за добивање дипломатски пасоши имаат и бизнисмени, но своевремено и продавач на теписи чиј бизнис не беше поврзан со странство, имаше дипломатски пасош затоа што беше пријател со еден министер – вели поранешен амбасадор.

Целиот текст е тука.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …