четврток , 29 јуни 2017
dojcetelekom-640x320

Директори на „Маѓар телеком“ казнети за давање мито на македонски политичари

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодиле да платат парични казни, а добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, пренесува порталот „Нова“. Штрауб треба да плати 250.000  долари, а Балог 150.000 долари.

– Директорите од „Маѓар телеком“ беа обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на пазарот – изјави Стефани Авакиан, извршен директор на одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност.

Таа вели дека во февруари годинава третиот директор направил спогодба со судот и платил казна од 60.000 долари, со што го признал делото, односно признал дека фалсификувал книги на компанијата во врска со шемата за плаќање мито на македонски политичари.

Претходно, во првиот процес што се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011, компанијата „Маѓар телеком“ плати казна од 95 милиони долари.

Но, Судот не застана на оваа спогодба и поведе постапка против директорите на компанијата како соучесници во овој случај, за што сведочеше и поранешниот шеф на УБК, Слободан Богоевски.

Богоевски во сведочењето пред Окружниот суд во Њујорк тврдеше дека поранешните директори на „Маѓар телеком“ дале 2,5 милиони евра поткуп на тогашниот премиер Владо Бучковски и на претставниците на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери, за да не влезе друг телекомуникациски оператор во Македонија.

Богоевски во јануари годинава потврди дека на 7 мај во Њујорк треба да биде познат исходот од судскиот процес што американските органи, односно Комисијата за хартии од вредност на САД, ја водат против тројца поранешни директори на „Маѓар телеком“, а во кој сведок е токму поранешниот директор на УБК.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …