среда , 26 јули 2017
Vechera-UBK2

Директорите на УБК, БЈБ и врвот на МВР се гоштевале на сметка на државата за време на настаните од Диво Насеље и Смилковски

Раководството на УБК и Бирото за јавна безбедност, за време на немилите настани кои се случија кај Смилковското езеро и акцијата во Диво Насеље, како и на денот на сомнителната смрт на новинарот Никола Младенов, се гоштевале со срнечко, мешано сувомеснато, печурки на жар узо и ракија во рестораните Воденица и Интермецо каде сметките изнесувале над 28 илјади денари.

vechera

 

Од она што може да се види од направените фактури е дека челните луѓе на полицијата имале добар вкус за храна. Се јадело и пиело претежно во 4 елитни скопски ресторани: Интермецо, Театро, Воденица и Микеи.
Сметки со вртоглави износи од страна на раководството на УБК и БЈБ биле често правени, се јаделе октоподи, лососи, лигњи на жар, шкампи-лобстер, срнечко, риба во сол, стек од бизон, стек од коњ, а се пиело и ексклузивни вина, скапи вискија, Чиваси.

 

Од 2011 до 2016 година, вкупните расходи за репрезентација на Управата за безбедност и контраразузнавање изнесуваат 568 илјади евра Екс-шефот на кабинет на директорот на УБК, Тони Јакимовски најмногу трошел за репрезентации. Од 2008 година до 2017 потрошил 2.387.866 денари за храна и пијачки по ресторани. Сашо Мијалков, екс-шефот на УБК за истиот период потрошил 1.104.773 денари. Гордана Јанкуловска потршила 1.320.195 денари за репрезентации само на фактури.

 

Славјанка Петровска, шефицата на Кабинет на министерот Оливер Спасовски, изјави дека трошењето за репрезентации не било докрај уредено во Законот. Таа исто така кажа дека ова е само мал дел од она што успеале да го утврдат, јавноста ќе биде дополнително информирана за останатите трошоци кои ги правеле челните лица во МВР на државна сметка.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …