вторник , 27 јуни 2017
divac

Дивац ги носи Богдановиќ и Теодосиќ во Сакраменто!?

Генералниот менаџер на тимот на Сакраменто Кингс, Владе Дивац планира да отвори ,,колонија’’ на српски кошаркари во Сакраменто. Тој веќе ги информирал газдите на Сакраменто дека во летниот период планира да ги донесе младиот Богдан Богдановиќ од Фенербахче и најдобриот европски плејмејкер, Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва. Тој планира да состави тим кој играта ќе ја позиционира на овие двајца играчи како мотор на тимот.

Дали ова ќе значи почетокот на формирање на победнички тим, како што пред 15 години Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ беа носители на играта на Сакраменто и претставуваа ,,страв и трепет’’ за противничките екипи.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …