вторник , 26 септември 2017
DNET

ДНЕТ: Неприфатливо е договор кој е постигнат меѓу четирите политички партии со посредство на меѓународниот фактор да биде непочитуван

DNET
Движењето за Национално Единство на Турците како критична маса и совест на Турците во земјата е сериозно загрижена од несериозниот однос на поедини политички партии кои преговараат согласно договорот од Пржино за излез од политичката криза во Р. Македонија. Неприфатливо е договор кој е постигнат меѓу четирите политички партии со посредство на меѓународниот фактор да биде непочитуван.

Почитувањето на договорот од Пржино може да ја врати довербата во Македонија и нејзината преспектива за Евро-атланска интеграција. Никој нема право во Р. Македонија да ги засени очекувањата на ѓраганите за враќање на довербата во институциите на системот и надежта  дека конечно Македонија ќе биде правна држава во кое ќе владее правото и ќе зајакнат демократските капацитети на институциите на системот. Од тука апелираме до партиите кои преговараат, принципиелно и сериозно ги почитуваат начелата од договорот а со тоа неопходно е да се создадат сите услови за непречена работа на специјалниот јавен обвинител за случаевите кои се предмет на политичката криза во Р.Македонија.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …