недела , 24 септември 2017
Zaev-SDSM-Kasami-BESA

До крајот на денот ќе се знае дали БЕСА ќе биде дел од новата влада

Иако денеска требаше да бидат познати имињата од кабинетот на новата Влада, извори од БЕСА за А1он велат дека се уште чекаат одговор од СДСМ на нивните барања кои тие им ги испратиле писмено.

Сепак, велат од таму, бидејќи преговорите се водат многу динамично можна е средба помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, по што конечно ќе се знае дали партијата ќе биде дел од Владата на Заев.

– Нашите барања ги предадовме во писмена форма, чекаме да анализираат и да ни дадат одговор. Иницијативата за средба треба да биде од СДСМ. Може да се очекува се, велат од БЕСА за А1он.

Извори од СДСМ за А1он велат дека е мала можноста денеска до Собранието да се достави предлог за владин кабинет и владина програма, но отворена е можноста тоа да се случи и викендов.

Мандаторот Зоран Заев вчера во Брисел изјави дека веднаш по враќањето во Македонија продолжува со преговорите за состав на новата Влада. Тој кажа дека со БЕСА разговарале само за ресори, но не и за имиња.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …