вторник , 25 јули 2017
junajted

Додека Јунајтед се пазари, Баерн Минхен ја „краде“ ѕвездата на Реал

Германскиот гигант Баерн Минхен денеска планира да испрати понуда до Реал Мадрид за ѕвездата на овој тим Хамес Родригес, тврдат медиуми во Колумбија.

Репрезентативецот на оваа земја е во добри односи со Карло Анчелоти иако заедно работеа само една сезона во Реал Мадрид. Баерн е во потрага по квалитетни засилувања со кои претстојната сезона би го направил клучниот чекор во Лигата на шампионите, а изборот паднал токму на Хамес кој е несреќен во Реал и бара да си замине.

Под водство на Анчелоти, Хамес Родригес одигра 46 официјални натпревари за Реал на кои постигна 17 гола и 18 асистенции. Со заминувањето на Италијанецот почна и кризата на Хамес кој во следните две сезони заедно одигра вкупно 65 натпревари.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …