понеделник , 25 септември 2017
GrozjeLozje

Додека лозарите чекаат решение од Владата , грозјето скапува по нивите

Лозарите се жалат дека се соочуваат со една од најлошите години досега кога е достигнат врво на манипулациите од страна на винариите кои на сите можни начини ги избегнуваат начелните договори, додека пак владата и министерството за земјоделство и покрај сите ветување не успеа да најде решение за проблемот.

Лозарите се гневни на владата, која ветувала дека годинава ќе се откупи секое зрно грозје. Министерот за земјоделие Михаил Цветков пред пет месеци изјави дека лозарите и винариите со посредство на Министерството договориле грозјето да се исплаќа на рати, а најави и казни за визбите кои нема да го почитуваат договорот.

Без резултат се и мерките за субвенционирање на дополнителни три денари за откуп на вранецот и два денари за смедеревката.

И додека лозарите чекаат решение за проблемот, грозјето скапува по нивите. Голем дел од кавадаречките лозари размислуваат да се откажат од лозарството и да ги ископачат своите лозја бидејќи немаат ниту профит ниту перспектива во оваа гранка.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …