понеделник , 25 септември 2017
klub-na-pratenici-540x405

Дojче веле: Најголемата битка не е за дијаспората, туку за парите!

klub-na-pratenici-540x405
ВМРО-ДПМНЕ, наводно, најмногу реагирала на решенијата за тоа колку пари ќе може да се потрошат за изборите, а кои предвидувале драматично намалување на сумите дозволени досега, јавува Радио Дојче Веле.

Ноќешната рунда разговори завршила без успех, поради слични причини како и во претходните денови, велат од Работната група. Некои од партиите манифестирале изненаденост за дел од решенијата понудени во предлогот подготвен од меѓународните олеснувачи и посредници, со образложение дека „не биле очекувани“, иако на хартија биле ставени исклучиво предлози кои и досега биле третирани во разговорите. Барање за пауза, најавата за потреба и од „пошироки консултации“ без прецизирање што подразбира тоа, тактизирањето, одбивањето на одредени решенија и новите обиди за купување време, резултирале со прекин на разговорите во 2 часот по полноќ.

Според извори од Работната група, владејачката ВМРО-ДПМНЕ била подготвена да прифати какво било решение за гласањето на дијаспората, само да не се смени сегашниот изборен модел. Сепак, оваа партија, наводно, најмногу реагирала на решенијата што се однесуваат на тоа колку пари ќе може да се потрошат за изборите, според кои, било предвидено драматично намалување на сумите дозволени досега, односно нивно преполовување. Постоела интенција и за нивно уште подрастично кратење, со цел да се испочитува принциот на еднаквост на партиските субјекти во пристапот во кампањата. Притоа, статистиката ставена на маса покажала дека ВМРО-ДПМНЕ на последните избори потрошила 48,7 денари по гласач, ДУИ 20,3, СДСМ 6, 75, а ДПА 0,0003 денари.

Целиот текст прочитајте го тука

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …