вторник , 26 септември 2017
katica janeva 2

Дојче Веле: Нишанат кон Јанева, за да го погодат Договорот!

katica janeva 2
Опструкциите кон специјалното обвинителство се најкус пат за рушење на Договорот од Пржино, сметаат правни експерти. Обвинителката Јанева за ДВ вели дека е разочарана од одлуката на Советот на обвинители

Опструкциите на работата на специјалното обвинителство директно го опструираат и Договорот од Пржино, децидни се аналитичари и правни експерти со кои разговараше ДВ, по вчерашната одлука на Советот на обвинители да го преполови предложениот тим на обвинителката Катица Јанева. Ваквата одлука предизвика потрес и на преговарачката маса. Опозициската СДСМ се повлече од преговорите, најави дополнителни консултации во партијата и оцени дека е прекршен Договорот од Пржино. Партијата денеска ќе ги соопшти наредните чекори. Со тоа, за СДСМ засега е ирелевентен податокот дека вчера бил постигнат напредок во преговорите за изборниот законик, како што соопшти европскиот олеснувач, Питер Ванхауте.

„Постигнавме договор за изборниот законик. Но се појавија и многу проблеми. Тоа е прашањето за специјалниот обвинител, каде очигледно ситуацијата не е каква што би требало да биде. Според договорот таа треба да ги има сите финансиски услови и персонал што ќе ги побара и ќе треба да претстави само план. Очигледно овој принцип не е испочитуван и затоа некои од партиите решија да ги напуштат преговорите. Мислам дека сите треба да ги почитуваат постигнатите закони, ова беше договорено во работните групи, ова беше регулирано со законот договорен од четирите партии. Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ја изиграат сопствената легислатива“ изјави Ванхауте.

Тој очекува притисок од меѓународната заедница, но и од домашната јавност.
Вчера со првична реакција се огласи амабасадата на САД во Скопје.

„Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, соопшти амбасадата. Денеска во Скопје треба да пристигне и Известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите за надминување на политичката криза во земјава, европратеникот Иво Вајгл, за да се информира за текот на преговорите за спроведувањето на Договорот.

Прочитајте го текстот во целост тука.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …