среда , 18 октомври 2017
bolnica-ohrid-foto

Докторка од Охрид приговара дека била партиски деградирана на пониска работна позиција

Докторката Елена Шикаловска од ЈЗУ Општа болница Охрид поднела приговор до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) против в.д. директорката Славица Малевска Стојадиновиќ.

Во приговорот, Шикаловска наведува дека била незаконски и партиски деградирана од позицијата раководител на медицинска биохемија во пониска работна позиција. Таа од антикорупционерите бара решението на в.д. директорката да биде поништено бидејќи е донесено по денот на распишување на изборите.

Известителот за овој приговор рече дека овој предмет има и финансиски импликации, со оглед на тоа што на докторката Шикаловска ѝ е намалена платата.

ДКСК одлучи предметот да го земе во работа и да побара во рок од 15 дена информација од болницата во Охрид.

На денешната седница на ДКСК беше разгледан и приговорот на Јовица Јовевски поднесен против Службата за општи и заеднички работи при Владата. Јовевски приговара дека бил деградиран и распределуван како референт-доставувач во различни министерства и државни институции.

Жаклина Дамчевска од ДКСК им предложи на членовите на Комисијата приговорот да биде одбиен бидејќи лицето е интерно прераспределувано, но не и деградирано.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.