вторник , 24 октомври 2017
DOM-so-baranja-do-rabotnata-grupa-za-pregovori-672x320

ДОМ бара да запре давањето концесии за рудници

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, по референдумите против отворањето рудници за злато и бакар , побара да запрат сите постапки за издавањето на концесии за експлоатација на минерални суровини и да се одржи седница на Владата на оваа тема пред локалните избори.

ДОМ смета дека по серијата референдуми против отворање рудници за злато и бакар во југоисточна Македонија, време е Владата да направи решителни чекори во борбата против загадувањето од рудниците.Притоа, напоменува дека со  Резолуцијата на Европскиот парламент од 5 мај 2010 година е утврдена општа забрана за користење на лужење со цијанид во Европската унија како резултат на 30 големи еколошки катастрофи во последните 25 години во светот. Оваа Резолуција, сметаат во ДОМ, не е земена предвид при одлучувањето за рудниците Казандол и Иловица.

Исто така, според ДОМ, издавањето на концесии за истражување на минерални суровини на 370 локации, односно на 10.000 хектари што е  40 отсто од територијата на Македонија, е во спротивност со  Просторниот план на Македонија од 2004 година, според кој не се предвидени рудници на територијата околу Казандол и Иловица, туку земјоделие и лесна незагадувачка индустрија, За ДОМ, ваквите коцесии се во спротивност и со Законот за животна средина, поточно Уредбата за стратегиите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето.

„ Пред издавањето на овие концесии не е спроведена постапка за стратегиска оцена на животната средина за утврдување на кумулативните влијанија од експлоатацијата на минерални суровини од овие 370 локации. Самиот договор за концесија на рудникот Казандол  е неодржлив, зашто не дава јасни инструкции за постапување при непридржување на концесиониерот кон позитивните законски прописи од областа на животната средина. Веќе одржаните референдуми на локално ниво се јасен израз на волјата на граѓаните кои се загрижени за своето здравје и животната средина“, порача Поповска, посочувајќи дека клучни за оваа проблематика се министерствата за економија, за транспорт и врски, за животна средина, за земјоделство и за здравство, кои треба да формираат работна група  дополнета со претставници од ДОМ и граѓанските иницијативи против рудниците што ќе ги разгледа овие прашања.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …