недела , 22 октомври 2017
прегладнет коњ 4

ДОМ: Зошто полицијата го толерира убиецот на коњи?

dom logo
Ужаснати сме од сликите на намерно изгладнетиот коњ, оставен да умре во дворот на основното училиште во Ѓорче Петров. Уште повеќе од информацијата на организацијата за заштита на животни Анима Мунди, дека по акцијата за спасување на коњот, кога бил најден и вдомувач, полицијата не презела ништо да му се одземе измачениот коњ на мачителот.

Хорор приказната не е завршена, зашто истиот човек на ист начин постапува со уште еден коњ! Необјасниво е зошто институциите надлежни да реагираат во случај на измачување на животни, не преземаат ништо!

ДОМ јавно прашува: Зошто полицијата го толерира убиецот на коњи? Зошто не му го одзема вториот коњ кој е во моментов измачуван со глад? Апелираме до полицијата и до Агенцијата за храна и ветеринарство да реагираат во овој и во сите вакви случаи, зашто имаат право и обврска да постапат, во склад со Законот за благосостојба на животните!

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …