недела , 24 септември 2017
valdis-dombrovskis

Домбровскис: Грција нема време за губење

valdis-dombrovskis
Заменик претседателот на Европската комисија и еврокомесар за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис, кој денеска пристигнува во посета на  Атина, смета дека грчката Влада нема време за губење и треба да пристапи кон реализација на реформите, договорени од неа со меѓунардните кредитори во рамки на третиот спасувачки пакет финансиска помош за земјата, соопшти весникот њуз.ин.

„Работите се едноставни, од Грција се бара да ги исполни договорените мерки“, истакна еврокомесарот за грчкиот весник „Вима“, пренесува БТА.

Во врска со надворешниот долг на Грција, Домбровскис ја спомена неопходноста од продолжување на грејс периодите и роковите за згаснување, но дополни дека од значење ќе биде да се гарантира дека кредитната програма ќе биде на вистинскиот пат кога ќе настапи моментот за рекапитализација на грчките банки.

Еврокомесарот, кој првпат ја посетува Атина, ќе биде придружен од високи службеници на Европската комисија, одговорни за структурните реформи.

Домбровскис ќе има средби со министрите за финансии и за економија и со премиерот Алексис Ципрас.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …