среда , 18 октомври 2017
doris-pak-540x270

Дорис Пак: Истрага за аферата ,,Прислушување” не смее да остави простор за сомнеж

doris-pak-540x270
Без целосна и ефективна правна разрешница за масовоното прислушување, особено за фактите во неа во Македонија само ќе се продлабочува кризата, а граѓаните ќе се чувствуваат несигурни во сопствената држава.

”Целиот процес мора да се води транспарентно и одговорно без да се остави простор за сомнеж дека се прикриваат одредени информации”, вели за порталот Фактор поранешна пратенича во Европскиот парламент Дорис Пак .

“Прислушувањето секако беше нелегално, но ако содржината на она што се слуша во телефонските разговори е точно, тогаш навистина кредибилитетот на државата ќе биде ставен под знак прашање а проблемите и последицте нема така брзо и лесно да се решаат. Македонските политички елити треба да бидат свесни дека Европа детално ја скенира ситуацијата во земјата иако не секогаш јавно ги искажува сите забелешките кои се однесуваат на Македонија.

“Вашата држава, од последните избори па до денес е во перманентна внатрешна криза, проблемите наместо да се решваат тие се наталожуваат. Земјатa e во уште потежок период, не само поради неопходноста партиите да постигант договор околу преземените обврски кои произлегоа од преговорите кои се водеа со посредство на ЕУ, туку сега треба да одговорат на предизвикот со приливот на бегалците” .

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.