вторник , 26 септември 2017
clock with sleepless at night.

Доцна си легнувате и рано станувате? Вие сте изложени на ризик од срцев удар !

clock with sleepless at night.
Секој ден доцна си легнувате, а рано станувате?Доколку оваа е вашиот животен стил размислете добро за вашите животни навики бидејќи понатамошното практикување на таквото темпо би можело да ве доведе до срцев удар – покажуваат новите истражувања. 

Имено, луѓето кои спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, имаат поголеми шанси за добивање на срцев или мозочен удар. Лекарите предупредуваат дека касното легнување и раното будење  може да имаат кобни здравствени последици.

Оддруга страна па и претераното спиење може да доведе до срцев удар, но поради други причини. Потребата за спиење повеќе од 9 часа е знак дека нешто не е во ред со вашето срце, па ако го имате овој проблем, посетете го докторот.

– Навиката на касното легнување и раното станување е всушност темпирана бомба за нашето здравје. Тоа треба да се смени доколку сакате да го заштитите вашето здравје, па и вашиот живот. Денес од нас се бара исполнување на многубројни обврски поради кои остануваме без сон. Но вистинското прашање e, дали е тоа вредно по цена на нашето здравје и живот – велат познавачите.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …